-Два концепти во земјава се кристално јасни, ДПМНЕ е за изолација а СДСМ за членство во ЕУ, соопшти СДСМ.
„СДСМ посветено работи на продолжување на европскиот пат на државата.
Членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.
Евроинтеграцијата носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството, културата.
Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.
ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место.
Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.
Огромно мнозинство на граѓаните, над 70 отсто е за ЕУ.“ – соопшти СДСМ.