Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ од Прилеп: Аграрот и рибарството се меѓу најзначајните гранки во ЕУ, членството е важно за развој и на нашето земјоделство

„До минатата година, најголемиот дел од вкупниот буџет на Европската Унија, беше оној за аграрот и за рибарството и другите благодети што доаѓаат од европските мориња. Оваа година Европа одлучи најмногу пари од буџетот да одат за зајакнување на економската, социјалната и територијалната кохезија во Европската унија за ублажување на тешките последици од руската агресивна војна против Украина, кои се надоврзаа на буџетирањето на одржливо закрепнување од пандемијата на коронавирусот. Но, тоа не влијаеше на висината на буџетот за аграрот. Тој и понатаму е во висина од 40% од вкупниот буџет на Европската Унија“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп.

Тој додаде дека земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 е 270 милијарди долари, од кои дури 34 милијарди евра се наменети исклучови за еколошки и климатски цели.

„Примарната цел на Заедничката земјоделска политкика е да обезбеди стабилно снабдување со квалитетна, безбедна храна за населението на ЕУ. Да осигура пристапни цени и соодветен приход за земјоделците и да ја поддржи модернизацијата и развој на земјоделското производство и учествува во модернизацијата и развојот на руралните области“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека и ние ги прифативме овие принципи и затоа посебно внимание се посветува на пдообрувањето на безбедноста и квалитетот на храната, заштитата на животната средина, обнова и развој на руралните култури, како и зачувување на културните богаства и традиционалните обичаи.

„Овие наши македонски земјоделски политики се блиски или идентични со оние на ЕУ, но, сега сме на чекор да добиеме пристап и до другите фондови за поддршка на аграрот, а кога ќе станеме членка да ги користиме сите придобивки од буџетот за земјоделство на ЕУ“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК