Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Едно лице потешко, а две полесно повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

Утрово, во 00.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф. М. (31) од струшкото село Франгово, и патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А. О. (34) од селото Велешта.

Притоа тешки телесни повреди добил возачот Ф. М., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Телесни повреди добиле возачот А. О. и неговиот сопатник А. В. (23) од Велешта, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

ДЕСК

Трагедија: Пронајдена почината жена во сопствениот стан во Битола

ДЕСК