Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило излетало од патот Куманово – Скопје, три лица завршиле со повреди

Вчера, во 14.35 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на с. Агино Село, Кумановско, патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч. М. (63) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а телесни повреди добиле тројца сопатници, Г. Ј. (58) од Куманово, З. В. (60) од с. Проевце, Кумановско и Л. Ј. (63) од с. Доброшане, Кумановско, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК