Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, тие се во добра здравствена состојба

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, а во согласност со ангажманот и на Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Набргу се очекува нивно упатување кон своите домови, извести МНР.

„Во изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето дипломатско-конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко за евентуални други наши државјани во погодените региони“, додаваат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија, кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и на СОС-телефонот на Министерството за надворешни работи, 075/273-732.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК