Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

УЈП објави листа со имиња на луѓе и фирми кои должат за данок – Еве го списокот

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

илустрација

На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

Можеби ќе ве интересира

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

ДЕСК