Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните, ја разбирам грижата на граѓаните, наше е да гарантираме постапката да заврши до крај

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, а во врска со случајот со Клиника за онкологија, и за најавениот протест, потенцираше дека граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните. Притоа, тој рече:

„Граѓанскиот протест е најголемо демократско и неприкосновено право кое го имаат граѓаните. Прво, сакам да изразам убеденост во грижата на граѓаните, заради тоа што сите ние сме прво граѓани, па се друго и сме сериозно загрижени, посебно за случувања кои имаат директно влијание врз човечките животи. Од тој аспект сметам дека сосема оправдана е грижата на секој еден граѓанин на државата, наше е да обезбедиме и да гарантираме дека постапката ќе заврши до крај, било кој се огрешил да мора да носи одговорност, таа да биде брза и ефикасна и на тој начин да помогне вакви случувања да немаме во иднина”, истакна министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК