Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е декласиран од народот и му е страв од избори бидејќи ќе доживее дебакл

„Со СДС и ДУИ граѓаните 7 години живеат во криминал, корупција, беда и сиромаштија. Македонија тоне 7 години со СДС и ДУИ. Ковачевски е само поставен за спроведување на бизнис интересите на ДУИ и СДС, крадење и опустошување на државата и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски е декласиран и не може веќе да биде премиер. Ковачевски не е избран од граѓаните. Поставениот премиер Ковачевски нема повеќе легитимитет и веднаш треба да си поднесе оставка.

Во отсуство на реформи и проекти, единстврно што нуде Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, кои ниту граѓаните, а ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа. Има целосен колапс на системот, хаос се случува во секој сектор. На Македонија и треба целосен рестарт после Ковачевски и СДС.

Бегањето од избори само покажува дека СДС и Ковачевски се очајни и свесни дека ќе доживеат дебакл и пораз. За криминалот и пустошот Ковачевски мора да одговара“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК