Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почнува новата учебна година, првпат ќе има и пролетен распуст

Денеска почнува новата учебна година, што ќе трае до 17 наместо до 10 јуни, потврди министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Покрај зимскиот, основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај 2024.

Оваа практика, како што рече Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која, според наставниците и стручните служби, ќе донесе подобри резултати во учењето.

Во изминатиот период, како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен почеток на учебната година.

Можеби ќе ве интересира

ЈА ГАЃАЛ СО КАМЕЊА И ЈА ПОВРЕДИЛ – Инцидент со 67-годишна жена во Ѓорче Петров

ДЕСК

ДРАМА ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – Нападнати сопружници, 72-годишна жена се здобила со тешки повреди

ДЕСК

КУЧЕ КАСНАЛО ЛИЦЕ ВО КРАТОВО – Кривична пријава против 35-годишната сопственичка

ДЕСК