Според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу две лица.
Концептот на врска со некој значително помлад или постар е сè уште контроверзен, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.
Иако секогаш има исклучоци, истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат.
Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние што ги сочинуваат партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со 10-годишна разлика во возраста.
За оние со 20-годишен јаз во возраста, истражувањето предвидува 95 проценти шанси за раскинување. Која би била идеалната разлика во годините? Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика од само една година, односно само три проценти.
– Правилото помага да останете во возрасна граница која ќе обезбеди заеднички интереси со вашиот партнер, а најверојатно ќе ви овозможи подобра комуникација – вели експертот за односи Дејвид Бенет.
Секако, експертите се согласуваат дека не треба слепо да го следите ова правило бидејќи некој може да биде помлад – постар, а потоа повторно да изненади со (и)зрелост и однесување. Само дозволете оваа помош да ве води кон некој со кој можете да создадете трајна врска.