Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена кражба во Куманово, крадецот приведен, а одземеното вратено на сопственикот

Во саботата попладне, во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот М. И. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети, извести МВР.

„Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан во полициска станица. Украденото му било вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК

Собранието домаќин на млади истражувачки новинари

ДЕСК

Заменик-координаторот на Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, оствари средба со заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето

ДЕСК