Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Предлогот за уставни измени е наш, македонски, невистините се тезите дека е под диктат од било кого

„Предлогот е наш македонски, предлогот е базиран на Европскиот Предлог и Договор од 2022-та година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство. Предлогот е напишан тука во Скопје. Предлогот се дебатира во македонското Собрание, во Скопје. И затоа, со цела одговорност ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат, од било кого, за било што“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој додаде дека постои само нашата сегашна, а сепак историска можност да направиме нешто добро за државата и со усвојување на уставните измени да не стоиме во место, да не каскама, да не чекаме, туку да чекориме кон полноправно членство во ЕУ.

„Ако за момент ги видиме фактите, ја погледнеме вистината во очи, ќе видиме дека на македонски јазик се говори и пишува во Брисел, ќе видиме дека поддршката за нашиот вековен идентитет се случи и во Берлин, и во Вашингтон, во сите најважни европски престолнини. За прв пат се потпиша Договор на македонски јазик со Европската Унија, конкретно Фронтекс“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека се случи се спротивно од тоа што го заговараа домашните политиканти, никој не нѐ асимилира, не нѐ загрози, не нѐ нападна, туку напротив државата стана посилна, поцврста и зад неа стојат најголемите и најсилните.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК