Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Аеродром

Вчера вечер во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Методија Шаторов-Шарло“ со улицата „Пандил Шишков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од 19-годишниот Ј.О. од Скопје и мотоцикл „пиаџо“, управуван од 43-годишниот О.С. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +

ВО АПРИЛ СЛЕДУВА ГОЛЕМ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ОД 4 ДЕНА: Ова се сите неработни денови до крајот на 2026!

ДЕСК