Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Цела недела Мицкоски молчи за настаните и провокациите во Тетово

Соопштение на СДСМ:

Цела недела Христијан Мицкоски молчи за настаните и провокациите што се случија минатата недела во Тетово.

Мицкоски не кажа ниту збор за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химна.

Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот.

Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции во општинската зграда.

Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денес и во советот на Тетово и во македонското Собрание.

Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК