Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени разбојници во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

На 13.08.2023 во 05.35 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишени се од слобода Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело “разбојништво”.

Имено, околу 05.00 часот во казино на ул.”Балканска” во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата.

Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Демократски Сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

ДЕСК

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +