9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Овој необичен симптом може да биде ран знак за дијабетес: се јавува под пазувите

Дијабетесот е сериозна хронична болест во која нивото на шеќер во крвта е покачено. Се нарекува дури и глобална епидемија бидејќи бројот на болни во светот не престанува да расте. Постојат многу фактори кои влијаат на развојот на оваа болест, а најзначаен е промената на начинот на живот, која е придружена со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Идентификувани се многу различни знаци кои може да укажуваат на тоа дека личноста боледува од дијабетес, но еден симптом многу луѓе не го поврзуваат со оваа хронична болест, предупредуваат лекарите. Како што откриваат, станува збор за темни пазуви.

Имено, темните дамки под пазувите, но и на задниот дел од вратот или препоните можат да значат дека имаме премногу инсулин во крвта. Ова често е знак за преддијабетес, а медицинското име за оваа кожна состојба е Acanthosis nigricans.

Освен овој необичен симптом кој често е еден од најраните, други знаци кои предупредуваат на дијабетес вклучуваат зголемена жед, често мокрење, замор, заматен вид, бавно зараснување на раните, трнење во рацете и нозете.

Спонзорирано: