Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар пријавен во возила и во Чаир и во Мичурин

Утринава околу 03.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Б.А.(33) од Скопје и патничко возило „опел корса“, сопственост на Е.Д. (38) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

На ул.„Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.М.(32) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „субару“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Н. (58) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК