Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Високо ниво на канцерогена супстанца е откриен во чипс произведен во Србија

Како што јавуваат медиумите во Хрваска на граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид.

Потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија.

Производот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен.

Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, јавува „N1“ Загреб.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Според хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи. Се утврдува дали ваков чипс има и во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК