Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски и Пендаровски положија цвеќе пред манастирот „Св. Прохор Пчински“ каде што домаќин беше Вучиќ

ФБ статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Како дел од државна делегација на Република Северна Македонија положивме цвеќе пред манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде што наш домаќин беше претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Манастирот „Прохор Пчињски” е со непроценлива вредност за конституирањето и развојот на македонската држава, каде сета македонска национално-културна и државотворна традиција била преточена во храбри и доблесни одлуки на Асномците и биле поставени темелите на современата македонска држава.

Оттука се гледа дека и тогаш се подразбирало правото на народот самиот да решава за својата судбина, не посегнувајќи по интересите и правата на другите држави.

Меѓународното признавање на овој историски факт се гледа и во присуството на претставници на антифашистичката коалиција на заседанието во манастирот „Прохор Пчињски“.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +