14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ЦУК: ОПАСЕН ПОКРИВЕН ЛИМ УСПЕШНО ОТСТРАНЕТ ОД КРОВ НА ПОНИСКА ЗГРАДА ВО АЕРОДРОМ, КАДЕ ШТО ГО НАНЕЛО НЕОДАМНЕШНОТО НЕВРЕМЕ

По пријава на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 – 2 12 во Општина Аеродром се спроведе успешна координација и реализација на отстранување на опасноста, Конкретно, денеска доцна попладне, со ангажман на институциите од Системот за управување со кризи, во координација со Општина Аеродром, до предвечерието, успешно беше реализирано неговото отстранување.

Инаку, големото парче покривен лим, паднато на кровот од пониската зграда, постоеше опасност при посилен ветер да се лизне од покривот на зградата каде што го нанело невремето и сериозно да повреди граѓани или да оштети возила и друг имот. Реализацијата на отстранување, со неговосечење на помали деловии симнување од покривот на зградата вчера беше завршена и од превентивен аспект на ЦУК во координација со Општина Аеродром, бидејќи се најавува промена на метеоролошката временска ситуација и се очекува појава на посилен ветар во наредните денови, според временската прогноза на УХМР.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК