Centar.mk
БИЗНИС

Бектеши: Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле, надлежните институции да постапат во решавање на проблемот

Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.
Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.

Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.

Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија.

Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОЛНОЌ НОВА КУРСНА ЛИСТА – Колку денари се 100 евра и 100 долари по средниот курс?

ДЕСК

КИНА ЈА ЗГОЛЕМУВА ДЕВИЗНАТА РЕЗЕРВА – Новото барање за банките ќе важи од 15 ноември

ДЕСК

АРАМКО СО ПОВИСОКА ПРИЛАГОДЕНА ДОБИВКА – Во третиот квартал достигна 31,2 милијарди долари

ДЕСК