Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло со температура до 42 степени

Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

И во среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури и ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 km/h). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +