Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

И утрово гужви на граничниот премин со Грција

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На Граничниот премин Табановце за влез и Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути, објави АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК