5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ЕУ е најголем донтарот на Западен Балкан, оваа поддршка ќе се зголеми со членството

„Европската Унија е убедливо најголемиот донатор во Западен Балкан, како и во нашата држава. Само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу 1 милијарда евра неповратни средства. ИПА 3 програмата е веќе започната и проектираните средства за 2021, 2022 и 2023 година се во вкупен износ од околу 243 милиони евра“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Тој додаде дека преку ИПАРД 2 програмата имавме на располагање 60 милиони евра, од кои се искористија 98 проценти, поради што во ИПАРД 3 ни се доделени 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство.

„Поради функционалното партнерство со ЕУ што го имаме, Европската комисија одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, откако претходно добивме 160 милиони евра за ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека оваа поддршка ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови кога ќе станеме членка на Европската Унија, затоа што една земја членка на ЕУ, од фондовите на Унијата, добива 11 пати повеќе средства по жител, отколку земјите кандидатки за членство.

„После период на стагнирање, ние ја поставивме Северна Македонија на европската маса и тоа што треба да го направиме за нас е да се осигураме дека државата ќе остане на таа маса. Како активен учесник. Затоа што, гледаме дека е едно кога зборуваме во свое име, а друго е кога други зборуваат во наше име. Ги гледаме придобивките кога ние сами одлучуваме за својата иднина, а гледаме и како изгледа кога друг одлучува за иднината на една држава“ рече премиерот Ковачевски во обраќањето до пратениците.

Спонзорирано: