Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на претседателот Пендаровски со учесници во програмата Родум од Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници од програмата Birthright Macedonia – Родум од Македонија.

На средбата соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за програмата којашто седма година ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во партнерство со Обединетата македонска дијаспора. Во рамки на програмата, млади луѓе и студенти од дијаспората престојуваат три недели во земјава при што имаат можност да ги надградат своите академски познавања, како и да уживаат во наследството и културата на своите предци.

Истакнувајќи дека македонската дијаспора е мост на поврзување преку кој се зачувува и промовира македонското културно наследство, претседателот Пендаровски им посака убав престој за време на едукативната, културна студиска посета во нашата земја.

Претходно, денешните посетители имаа можност да се запознаат со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот, со начинот на функционирање на институцијата, со мозаиците „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, изработени од академик Глигор Чемерски, а ги посетија и просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, свечености, настани и прес-конференции.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК