23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Северна Македонија има апсолутно сè за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ – порача “Вајмарската тројка” која е во посета на Македонија

Денеска министрите од „Вајмарската тројка“, во рамки на нивната официјална посета на Скопје, се сретнаа со премиерот Ковачевски и со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

„Северна Македонија има апсолутно сè за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ“ и дека тоа и за ЕУ и за Северна Македонија има конкретни придобивки, нови работни места, слободно движење за сите и вклучувајќи ја безбедноста и стабилноста на ЕУ, порача државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун.

Ана Лирман, германската министерка за Европа и клима оддаде признание за импресивниот напредок што го оствари Северна Македонија и дека останува поддршката на европскиот пат до членство во ЕУ, со барање и поттик Северна Македонија успешно да продолжи на реформската патека, бидејќи тоа е во корист на македонските граѓани.

Полска ќе продолжи активно да ја поддржува Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ, порача полскиот министер за ЕУ, Шимон Шинковски вел Сенк.

Тој укажа дека „договорени се измени на Уставот меѓу Северна Македонија и ЕУ што ќе ви овозможат да продолжите со следниот пресуден чекор кон членство во ЕУ“. Тој напомена дека се наоѓаме пред сериозна одлука за државата и дека сега европската иднина на Северна Македонија се наоѓа во рацете на македонските политички лидери.