Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

182 санкционирани возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкциjа, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +