Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МТСП: До 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава продолжува да биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза и затоа продолжуваат мерките со времетраење од денес, 17 јули до 25 јули.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК