17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лога достави Иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не е почитуван уставниот рок за објавување во Службен весник

Со цел да се гарантира уставноста и законитоста на прописите во државата и за сите да важат уставните рокови за објавување во Службен весник,министерот за правда Кренар Лога денеска до Уставниот суд достави 10 Иницијативи во име на Министерството за правда и 10 во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот.
На потег се почитуваните судии од Уставен суд од кои очекуваме да се произјаснат за Иницијативите со истата ефикасност, брзина и експедитивност како што постапија за Упатството за матичните книги на минатата отворена седница.
Во Иницијативите е наведено дека во изминатиот период воочена е објава на повеќе прописи за кои постои уставна обврска за објава во ,,Службен весник на Република Северна Македонија”, а кои се објавени во спротивност со членот 52 , односно не е почитуван уставниот рок од седум дена за објавување на прописите .
Од Уставниот суд исто така се бара по службена должност да ја испита уставноста на прописите за кои не е почитуван уставниот рок од седум дена за нивно објавување.