22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Падна одлука: Поскапува дизелот, ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80% во однос на одлуката од 3.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,783%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,207%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,401% и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,296%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,076 %.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,755 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 11.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95   80,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98   82,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС      41,784 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.