16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Герасимовски: Дрисла да ги крене рампите за општинските камиони

Општина Центар го запре чистењето на ѓубрето од контејнерите затоа што полните камиони чекаат пред затворената порта на ЈП Дрисла – Скопје. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој прв најави самоиницијативно чистење на општината повикува скопската депонија да ги крене рампите додека траат преговорите меѓу Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“. Тој по состанокот на седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион рече дека телефонски се слушнал со директорот на Дрисла.

„Во моментов чистењето е стопирано затоа што полни камиони чекаат пред Дрисла да бидат пуштени и да се растоварат. Утрово разговарав телефонски и со директорот на Дрисла и добив ветување дека ќе се направи договор кој во текот на денот ќе го имаме. Нашите луѓе отидоа уште утрово да за го потпишат за да може нашите камиони да влезат во депонијата, но уште чекаат“, изјави Герасимовски.

Притоа Герасимовски рече дека Општина Центар од рано утрото започна со собирање смет низ целата општина но полните камиони чекаат пред вратите на скопската депонија. Со ист проблем се соочиле и другите градоначалници кои се ангажирани и самостојно го собираат сметот од своите општини но според него ЈП Дрисла – Скопје е регионална депонија за скопскиот плански регион и со одлука има обврска да го собира сметот од локалните самоуправи кои го носат на нејзина адреса.

„Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да ги исчисти Скопје, нас фокус ни се граѓаните“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски пред колегите градоначалници на состанокот на седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион. ЈП Дрисла – Скопје е регионална депонија за скопскиот плански регион и со одлука има обврска да го собира сметот од локалните самоуправи кои го носат на нејзина адреса.

Спонзорирано: