Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Дерала од ЦИВИЛ за Глас на Америка: Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД

„Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, вели Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за Глас на Америка, по повод 4 јули, Денот на независност на САД.

„САД се вистински пријатели на нашата земја. Нашата земја е мала, нема пристап на море, има ограничени природни и човечки ресурси, а самата географска положба, иако не е безначајна, не игра голема улога во поширок контекст. Едноставно, САД уште одамна, а особено по осамостојувањето од СФРЈ во 1991 година, носи одлука да ѝ помогне на малата и млада македонска држава да се формира и да опстане. Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, вели Дерала.

Според него САД се секогаш тука за Северна Македонија да и помогнат да ги надмине жестоките политички, па и безбедносни предизвици.

„Тие на земјата ѝ помагаат и економски и политички, да застане на свои нозе. Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД и другите западни демократии. Во денешно време, кога државата е под силен наплив на пропагандата и хибридните напади од Русија и други либерални центри на моќта, придобивките од американското пријателство и поддршка се повеќе од видливи“, додава Дерала.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК