9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Феникс го потврди а Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ:

Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот на ДПМНЕ.

Случајот Феникс уште еднаш го потврди вистинското, криминално лице на неговата партија.

Поранешни највисоки функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.

Според обвинението, биле перени пари преку спомениците, милиони кои завршувале во џебови на неколкумина од Белата палата.

На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе на ангро додека народот осиромашувал.

Скопје 2014 е најголемата пералница на пари, ултра криминал на ДПМНЕ.

Но, тоа е само дел од мозаикот на криминални шеми за испумпување пари од буџетот, пари на граѓаните.

Има бројни судски пресуди и долгогодишни затворски казни, има стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Дури и седиштето на ДПМНЕ, луксузната Бела палата е криминално стекнат имот, врз грбот на граѓаните.

Сето ова се факти кои потврдуваат една константа: ДПМНЕ е криминална партија.

И наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи, низ законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.

Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК