Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ свесно предизвикува меѓуетничка нетолеранција во Бутел

Соопштение на ДУИ:
Демократската унија за интеграција остро реагира на шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата.
Неодамнешната одлука на општина Бутел да ги оспори само албанските имиња на улиците на оваа мултиетничка општина во Скопје е уште една провокација која заслужува остра осуда од сите.
Меѓуетничкиот соживот, функционалната мултиетничка демократија се основните вредности на нашата заедничка држава и само политичките кусогледи и противниците на европската иднина можат да сметаат дека оспорувањето на овие вредности за изборни или националистички цели може да помине и да даде некакви резултати за нив.
Демократската унија за интеграција останува да биде чувар и главен промотор на соживотот, толеранцијата и можноста за слободно изразување на идентитетот и културните вредности на сите заедници во државата.
Предизвикувачите на овие вредности ќе останат во темниот дел на историјата на оваа земја

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК