Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец, се карал па се заканувал со огнено оружје

Синоќа во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје.

Тој како што информира полицијата, околу 15.30 часот, по претходна расправија со С.С.(41) од Скопје и М.Н., им се заканил со огнено оружје.

Од пријавениот биле одземени воздушна пушка и дијаболи.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК