Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ја терал да питачи и ја запоставувал малолетната ќерка, уапсен 39-годишен кичевец

Вчера во 11.00 часот во ОВР Кичево од слобода бил лишен Џ.Д.(39) од Скопје.

Тој се сомничи за запоставување на својата должност за грижа и воспитување на неговата малолетна ќерка, која ја терал да врши питачење.

Полициски службеници, заедно со претставници на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, извршиле разговор и со малолетничката, а по целосно документирање на случајот против нејзиниот родител ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

ДЕСК

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК