Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје во црно: Загина младо девојче по тешка несреќа – телото дадено на обдукција

Како што соопшти полицијата вчера околу 18 часот и 30 минути во полиција било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка.

МВР соопшти дека по несреќата, двете повредени лица биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала, велат од МВР.

МВР извести дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК

Обвинителството апелира: Да се избегнат шпекулации за предметите од трагедијата во „Пулс“

ДЕСК