Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Само ДПМНЕ – Левица и партии од Бугарија се против Резолуцијата на Бундестагот, велат од СДСМ

„Само партии од Бугарија и ДПМНЕ-Левица се против Резолуцијата на Бундестагот“, велат од партијата СДСМ.

„Откако стана кристално јасно дека Мицкоски не лобирал за Резолуцијата на германскиот Бундестаг ДПМНЕ почна да плука по неа. Што стои во усвоената Резолуција за којашто само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија ја напаѓаат: “Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство“, велат оттаму.

Тие се прашуваат и кој е заедничкиот интерес на ДПМНЕ со партии од Бугарија.

„Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи““, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +