Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(ВИДЕО) Се излеа Кочанска река, поплавенаа земјоделска површина

Центарот за управувавање со кризи утринава објави дека е излеана Кочанска река и во атарот на село Облешево полавена е земјоделска површина.

„Поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска рекаа нејзиното ниво е зголемено и во атарот на с. Облешево е високо, реката е излеана надвор од коритото, зафатена е земјоделска површина“, објави ЦУК.

Вчера вечерта ЦУК објави дека е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дојде до зголемување на дотокот во брана „Калиманци“.

„Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте. Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за Браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места“, соопшти ЦУК.

Тие додадоа дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да би реагирале навремено и за да се обезбеди мостот.

извор Бриф

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +