21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Се отвора 18 АКТО фестивал за современи уметности во Софија со групната изложба на 18 дела од 20 македонски уметници ПРЕКАРИЈАТОТ ИМА ШАНСА – Јавни простори во движење (кон)

Се отвора 18 АКТО фестивал за современи уметности во Софија со групната изложба на 18 дела од 20 македонски уметници ПРЕКАРИЈАТОТ ИМА ШАНСА – Јавни простори во движење (кон)

 

Повеќе за изложбата

 

Отворање 16 јуни – 29 јули 2023 година

Галерија Структура Софија, Бугарија

 

Уметници: Елена Чемерска, Искра Димитрова, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Верица Ковачевска, Шќипе Мехмети, Оливер Мусовиќ, Наташа Неделкова, ДоротејНешовски, ОПА (Опсесивна посесивна агресија), Александра Петрушевска Ристовска, Нада Прља, ДитаСтарова Ќерими, Никола Узуновски, Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов, Велимир Жерновски

 

Куратор: Ивана Васева

 

Продуцирано од Факултетот за работи што не се научат – ФРУ во партнерство со Галерија Структура во рамките на АКТО 18 фестивал за современи уметности и 20 години награда ДЕНЕС. Поддржано од Trust For MutualUnderstanding (TMU), Њујорк

 

ПРЕКАРНОТО ИМА ШАНСА – Јавни простори во движење (кон) е изложба која опфаќа различни уметнички потфати кои повторно ја бараат и редефинираат јавната сфера и јавниот простор преку креирање тактики за нејзино освојување и пристап за прекаризираните и замолчените. Тоа се случува или преку директна и индиректна процесна релационалност со идеја за повторно присвојување и враќање на јавниот простор на неговите „сопственици“ или преку легитимирање на симболичен јавен простор каде што може да се замислат и обликуваат други потенцијали. Сите тие замислуваат ослободен простор, дури и привремено, за оспорување на постоечкитенаративи преку соработка во засилувањето на гласот наигнорираните, запоставените, замолчените, незапаметените, испуштените, маргинализираните во рамките на постоечката хегемонија… Овие уметнички практики можат повторно да создадат јавен простор преку борбите за правата и во тесна врска со социјалните движења или дури и да ги стимулираат во моменти кога се чини дека се слаби.

Од друга страна, оваа изложба истовремено зборува и за самите материјални услови на иницијаторите на овие процеси – уметници и културни работници кои живеат во несигурни околности со политичка, но без економска сила и без никаква или соодветна инфраструктура. Нивниот несигурен статус им нуди флексибилност, агилност и невидена критичност кога работат колективно, постојано се подготвени да преговараат и предизвикуваат тешкотии, посветени на нивната цел, иако во неизвесна економска и финансиска положба. Тие се тука и се справуваат со различни кризи со радикални имагинативни предлози, но често зависни од случајноста и често користејќи случајни постапки за дополнително да ги истражат нивните намери.

 

Овој избор обединува различни гласови кои изразијанезадоволство и пркос против супресивните механизмии геометрии на моќ и исклучување, и бараат видливости моќ да ги трансформираат спроведените политики. Тие понекогаш се индиректно релациони, а понекогашколаборативни но доколку се извршуваат и артикулираат истовремено, претставуваат можност заформирање микро јавни простори во движење наимагинарна (уметничка) заедница која повторно би говоспоставила јавното.

 

 

 

Повеќе за АКТО фестивалот

Во рамки на 18-тото издание на АКТО фестивалот следуваат повеќе настани во текот на годината, кои ќе се случуваат на различни локации. Односно од 2021 година, неколкудневниот фестивал АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалскаплатформа со специфична истражувачка тематика. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена напрезентација во фестивалска платформа запродукција и едукација во областа на современатауметност преку уметнички истражувачки практики. АКТО го гради својот фестивал како дијалектичкиперформанс преку годишно темелно истражување наактуелни теми, заборавени простори на културнотонаследство, продукција на нови дела соинтернационални гости, но и силна едукативнакомпонента која создава место за размена и заедничкосоздавање. Тој го менува форматот, преиспитан и одзамката на фестивализацијата и се свртува конистражувачки уметнички практики на нови и поинаквипростори кои имаат длабоко значење заопштеството.Тргнувајќи од тоа дека АКТО е резултат наеден факултет на кој не се учи, туку се создаваработејќи, постојано тестирајќи ги лимитите на своитекапацитети во таа желба и љубопитност, АКТО овој патсвојотфакултетго ресоздава во и со образовнитеинституции и институции за презентација на уметноста.

АКТО фестивалот за современи уметности е еден одретките вонинституционални фестивали во земјава содолг континуитет на одржување. Односно, наспротитрадицијата на градските или државните фестивали, кои најчесто имаат ревијален карактер, АКТО е речисиединствениот фестивал кој од позиција навонинституционален сектор, 17 години по ред, со 20 изминати изданија во осум градови низ земјава, создаваактивно поле на колективност и преку продукција и презентација на современа уметност се конфронтира сосите премрежиња што се случуваат во земјава.

 

Изјава од Ивана Васева, кураторка на изложбата и ко-кураторка на АКТО 18

 

– Одлучивме 18-тото издание на АКТО фестивалот да го стартуваме не од Битола, каде тоа го правевме 15 години или од Скопје како што беше карактеристично изминативе две години, туку од Софија и да претставиме 18 уметници пред софиската сцена. Соработката помеѓу овие два контексти била поинтензивна во 90-тите години но за жал постои временски период кога овие контакти не се толку често практикувани. Иако има поединечни појави, сепак оваа изложба на едно место претставува дел од активнатасцена во земјава преку темата на исчезнувањето на јавниот простор а со тоа и јавниот говор како и уметничките поединечни рецентни заложби преку кои се обидуваат повторно да го освојат и заедно да создадат пристап за прекаризираните и замолчените. Би сакала навистина да и се заблагодарам на Марија Василева, директорка на галеријата Структура за оваа покана.

Линк до АКТО www.akto-fru.org

Линк до каталогhttps://www.dropbox.com/s/9amehlpt0xfqjdd/%21%20KATALOG%20SOFIJA-18c.pdf?dl=0