Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повеќе лица повредени во судир на „ситроен“ и „опел вектра“ во Битолско

Синоќа, во 20.32 часот, во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с. Могила, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ситроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г. С. (37) од с. Могила, и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б. Н. (20) од с. Беранци.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Г. С., а возачот Б. Н. и В. С. (56) од с. Могила, сопатник во возилото „ситроен“, М. А. (32) и М. Б. (21), двајцата од с. Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, добиле телесни повреди констатирани во болницата во Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК