Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Голем ден во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека американските сили извршиле успешни напади врз повеќе цели во Иран.

„Голем ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот. Бог да ве благослови сите!“, напиша Трамп.

Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари, кога американските и израелските сили започнаа координирани напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура. Конфликтот веднаш ескалираше откако во првичните напади загинаа голем број високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.

Потоа Иран возврати со лансирање ракети и беспилотни летала врз американски и сојузнички цели низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги базите во Кувајт и Саудиска Арабија, како и напади врз бродски линии во Ормускиот теснец. Конфликтот влезе во својата петта недела, со континуирани напади од двете страни и растечки ризик од поширока регионална ескалација./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на НАТО: Ќе направиме сè што е потребно за одбрана на Турција

C +

Советниците на Трамп веруваат дека Иран не ги продолжува преговорите поради поделба во врвот на власта

C +

„Политико“: Маѓар сака да го врати Австроунгарското царство на европската мапа

C +