Имаме лоши вести за сите кои едвај чекаат да уживаат во летните ноќи на отворено со освежителен џин и тоник. Научниците открија дека пиењето џин и тоник може да нè направи попривлечни за комарците, а тоникот содржи премалку кинин за да се нарече ефикасно оружје против досадните инсекти.
„Пиењето алкохол воопшто не прави попривлечни за комарците“, рече професорот Џејмс Логан во британската емисија „This Morning“.
Неговите зборови ги потврдува и истражувањето објавено во списанието на Американското здружение за контрола на комарци, според кое консумирањето алкохол значително ги привлекува комарците.
Набљудувајќи 12 мажи и една жена на возраст меѓу 20 и 58 години, истражувачите ја измериле содржината на алкохол во потта на учесниците кои испиле 350 милилитри пиво. Тие, исто така, го разгледаа производството на пот и температурата на кожата на волонтерите пред и по пиењето алкохол. Повеќе комарци паднаа на оние кои пиеја пиво.
„Студијата потврди дека луѓето кои пијат алкохол треба да бидат внимателни бидејќи се изложени на зголемен ризик од каснување од комарец, а со тоа и од болести кои ги пренесуваат“, заклучуваат истражувачите.
Најдоброто нешто што можете да го направите за да се заштитите од овие крвопијци е да добиете ефикасен репелент и да го нанесувате секогаш кога сте на отворено.