25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влажна и нестабилна маса над Македонија: Следните денови ќе има невреме низ цела земја

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Прогноза за 13.06.2023
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (и над 25 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 12°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (и над 25 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.