Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски за „Политика“: „Отворен Балкан“ се залага за стабилен регион, мир, соработка и економски развој

„Иницијативата ‘Отворен Балкан’ се залага за стабилен регион, мир, соработка и економски развој со цел во еден момент Западен Балкан да стане дел од ЕУ. Оваа иницијатива е плодно тло за историски чекори напред и овозможување на слободно движење на луѓе, стоки и услуги, отворање нови пазари, унапредување на добрососедските односи“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за белградска „Политика“.

Тој додаде дека премногу конфликти и војни го спречуваа развојот на регионот и државите на Балканот и дека е јасно оти безбедноста е основ за развој на една земја.

„Се изморивме од тоа да не викаат ‘буре барут’. Позитивниот исход од односите меѓу Србија и Косово ќе имаат пресудно влијание во целиот регион. Крајно време е да станеме пример за безбеден регион, без отворени прашања, со добрососедски односи и силна регионална сорабокта. Сите имаме единствена цел – да бидеме дел од европската заедница, да ги имплементираме европските вредности и да овозможиме подобар животен стандард за граѓаните“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека со Србија веќе немаме отворени прашања, градиме меѓусебна доверба, соработуваме како најблиски соседи и искрени пријатели.

„Изминатиот период имавме интензивна соработка преку иницјативите ‘Отворен Балкан’ и Берлинскиот процес, но и билатерално надминавме многу предизвици на економско-енергетската криза. Потпишавме заеднички договори во областа на енергетиката и инфраструктурата, со што се отвораат нови перспективи“ рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

ДЕСК

Два инциденти во Чаир каде настрадаа малолетници

ДЕСК

МВР со детали за смртта на осуденикот од “27-ми април” Му се влошила состојбата, па бил пренесен во клиника каде и починал

ДЕСК