Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Доста беа врти-сучи изјави, Мицкоски пред лидерска да каже: ЕУ или Левица

Соопштение на СДСМ:

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите.

Потребно е да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел.

Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши, ќе следува и отворање на првите поглавја во преговорите со ЕУ.

За тоа се неопходни потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени.

Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес.

Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок.

Но Мицкоски бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица.

Доста беа врти – сучи изјави на Мицкоски, тој мора да излезе пред граѓаните и јасно да каже: Дали е за ЕУ или е за Левица.

Денес, откако по 17 години чекање конечно ги почнавме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме сите пречки, не смееме да дозволиме самите себеси да си го блокираме патот кон Европската Унија.

Членството во ЕУ е национална стратешка цел и обврска и одговорност на сите политички субјекти е остварување на таа цел.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК