26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На Северна Македонија и е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација самата со себе

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, јас сум рационален оптимист, верувам во целта и работам таа цел да се оствари, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата која се одржа се одржа под завршувањето на самитот на Европската заедница во Кишињев, Молдавија.

Премиерот Ковачевски посочи дека доколку не се случат уставните измени, државата ќе се врати во периодот од 2006 до 2016 година, и наместо интеграција ќе имаме изолација.

„Видовме како изгледа изолација, без инфраструктура, заробена држава, слобода на медиуми 130 место бевме, сега сме 38-ми во светот, владеењето на правото беше окарактеризирано како хибриден режим. Денес за една година имаме скок од 19 места во однос на слободата на медиумите. Истото се однесува и во делот на другите дела од власта. Политичките партии и пратениците во Собранието, имаат обврска и одговорност пред граѓаните да носат одлуки кои што овозможуваат подобра иднина и подобар животен стандард на сегашните и идните генерации. Членството во ЕУ не е цел сама за себе, членството во ЕУ е цел со која што го остваруваме она што го сакаат граѓаните“, изјави премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.