25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

„Резултати што прават разлика“: СДСМ ја започна изградбата на автопатот Прилеп – Битола и СДСМ ќе го пушти во употреба

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Централниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски посочи дека преку изградбата на коридорот 10 Д конечно се стави крај на дилемите кој и кога ќе го гради автопатот кон Битола.

„Драго ми е што оваа трибина се одржува во Битола и што токму од овде можам да кажам дека ние го затворивме ветувањето на сите партии досега што се однесува за овој дел од државата. Конечно, започна да се гради автопат Битола – Прилеп. Тој автопат започна да го гради СДСМ и следната влада на СДСМ во следниот мандат ќе го заврши овој автопат“ порача Бочварски.

Бочварски посочи дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 кога износот на капитални проекти бил 286 милиони евра, минатата година СДСМ реализираше реализираше капитални проекти во износ од 465 милиони евра и најави дека тој износ за оваа година ќе биде уште поголем.

Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески истакна дека го СДСМ ја презеде власта, наследи целосна катастрофа во инфраструктурата, згрешени проекти за автопати и никаков план за натамошен развој.

„Покрај тоа што ги решивме наследените проблеми и ја одглавивме работата на неколку автопати и експресни патишта и тие се изградија или се при крај на изградба, ние вложувавме и во проекти на локални патишта и улици како поддршка кон општините. Станува збор за проектот со Светска банка од 70 милиони евра со кои ги поддржавме сите 80 општини и Градот Скопје. Со тој проект изгради се 427 километри, а секоја општина доби најмалку 500.000 евра директна финансиска помош за развој на ифраструктурата“ посочи Сугарески.