Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ред сонце, ред невреме: Температури од речиси 30 степени веќе деновиве, а еве до кога ќе врне

Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Прогноза за 31.05.2023
Минимална температура: 9°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 01.06.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 02.06.2023
Минимална температура: 10°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +