Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петгодишно девојче паднало од трети кат во Турција: мајката била до него на терасата

Од тераса на третиот кат во турскиот град Сањактепе синоќа паднала петгодишната Наслихан А.

Несреќата се случила синоќа додека малото девојче седело на балконот со мајка си. Во еден момент девојчето се качило на столот за да погледне надолу и паднало.

На местото на настанот пристигнала брза помош, а девојчето со тешки повреди е пренесено во болница. Лекарите се обиделе да го спасат, но тоа починало, пишува „Хуриет“.

По несреќата, почнаа да се шират шпекулации дека девојчето е убиено од огнено оружје, но од кабинетот на гувернерот веднаш ги демантираат овие наводи.

Како што е соопштено, девојчето починало од повреди добиени по пад од височина.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК